Добри вести до ЦУК: Пронајдени исчезнатите четири лица на Кожуф, сите се во добра состојба
ЦУК во координација и содејство со локалните структури пронајде четири исчезнати лица на Кожуф кои втор ден не биле достапни, информираат од ЦУК.
– Денеска (05.02.2023 година, недела), Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше барање исчезнати четири млади возрасни лица на Кожув, коишто се пронајдени живи и здрави од ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи од Гевгелија и се упатени доцна попладнево кон своите домови.
Инаку, пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена во 14.50 часот, денеска. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените лица, бидејќи лицата веќе повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа (04.02.2023 година, во саботата). Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четри броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба „Смрдлива Вода“, што е на подножјето на планината, кон месност „Мала Рупа“ на Планината Кожуф.
Веднаш, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија, стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку кабинетот на Градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија. Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на Планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата „Смрдлива Вода“, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови.
Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше и ја следеше ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири активни пожари на територијата на Македонија,…
Во текот на денешниот ден до 13…
Гори во Македонски брод и Студеничани: Вчера…
Вчера, четврток, 08.08.2024 година, имаше вкупно 46…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…
Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…
ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…
(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…
Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…