(Видео) Бенет го прашал Путин дали ќе го убие Зеленски
Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој беше посредник меѓу раководството на Русија и Украина на почетокот на 2022 година, во интервју за израелскиот „Канал 12“ изјави дека рускиот лидер Владимир Путин на почетокот на војната во Украина го уверувал дека тој нема да му се заканува на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сеќавајќи се на своето патување во Москва на 5 март 2022 година, каде што имаше средба со Путин во Кремљ, Бенет раскажа како продолжил разговорот за судбината на Зеленски.
Знаев дека на Зеленски е во опасност. Тој се криеше во некој бункер за кој никој не знаеше. Но, во одреден момент, по три или четири часа од почетокот на средбата, го прашав Путин: „Кажете ми, дали имате намера да го убиете?“. Тој ми одговори: „Нема да го убијам Зеленски“. Тогаш му реков: „Сакам да потврдам, ми давате збор дека нема да го убиете Зеленски“. Тој повтормо ми одговори: „Нема да го убијам Зеленски“, вели Бенет за разговорот со Путин.
По средбата во Кремљ, поранешниот премиер му телефонирал на Зеленски на пат кон аеродромот и го уверил дека не е во животна опасност. Веднаш потоа, истакна Бенет, украинскиот претседател „се врати во својата канцеларија и сними видео од неговиот кабинет“ во кое објави дека не се плаши од ништо.
Бенет откри и дека по почетокот на „специјалната операција“, Зеленски го замолил да разговара со руското раководство, што според Бенет тоа било „молба за помош“.
Зеленски ми се јави и ме замоли да го контактирам Путин. Имам сè евидентирано. Му беше многу тешко. Не заборавајте, во тој момент беше сигурен дека деновите му се избројани, дека имале намера да го убијат, изјави поранешниот шеф на израелската влада.
Во исто време, тој додаде дека „целосно ги координирал сите свои акции“ со лидерите на САД, Велика Британија, Германија и Франција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…