Пожар меѓу Миладиновски и рафинеријата ОКТА: Интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје

t

Пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и Рафинерија ОКТА, во Скопско, информираат од Центарот за управување со кризи.


– Денеска, во 19:05 часот на 112 во ЦУК е пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и Рафинирија ОКТА во Скопско. Според пријавата, настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и припадници на Полицијата. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот, од пријавувањето до сега, нема опасност од негово проширување, велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…