Додик: Немам против Курти да си игра држава ама го дестабилизира цел Балкан

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти продолжува да ја дестабилизира ситуацијата на Балканот, избегнувајќи ги меѓународните обврски и искривувајќи ги фактите не само од сегашноста, туку и од минатото.


Коментирајќи ја изјавата на Курти, во која тој ги спореди Република Српска и Заедницата на српски општини кои треба да се формираат на северот на Косово и рече дека тоа е начинот на кој Србија создава ентитети на Балканот за да формира, к „српски свет“. Додик потсети дека ЗСО е дел од Бриселскиот договор што Курти не сака да го спроведе, иако има карактер на меѓународна обврска.

Додик истакна дека Република Српска не е создадена како одговор на малцинството во БиХ, туку како одговор на конститутивниот народ кој со векови живеел и ќе продолжи да живее на тој простор.

„Исто така, Србите во Косово не се и не можат да бидат малцинство затоа што се Срби и ќе останат такви“, истакна Додик.

Тој потсети дека само Албанците цело време биле малцинство и во рамките на поранешна Југославија и во денешна Србија и дека, како што рече, „плашејќи го светот со „српскиот свет“, полека го заокружуваат „албанскиот свет““. .

Додик нагласи дека нема ништо против, како што рече, „Курти да си игра држава“, но не во Република Српска и не во Србија, наведувајќи дека Албанија е „прилично пространа за таков манипулатор“.

Курти вчера изјави дека „Белград сака втора Република Српска“ и дека „не треба да се заборави горчливото искуство во Босна и Херцеговина со Република Српска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…