Дејан Георгиевски освои бронза на Президент Купот во Турција
Maкедонскиот олимпиец, Дејан Георгиевски го освои бронзениот медал на Президент Купот кој се одржува во Турција.
Георгиевски претходно се пласираше во полуфиналето со победата против домашниот натпреварувач Демирчиоглу со 2:0 (6:4, 6:2).
Сепак, во полуфиналето Дејан беше поразен од Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 2:0.
– Не постои потешка работа на светот од тоа да држиш континуитет со врвни резултати во олимписки спорт, такви спортисти се неколкумина на балканот а меѓу нив е и Дејан Георгиевски !
Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес. Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска. – напишаа од Македонската таеквондо федерација на Фејсбук.
ЛИНК од објавата на Македонската таеквондо федерација