Славна манекенка му нуди голи фотографии на Путин ако тоа ја запре војната
Откако претходно позираше гола за да ја подигне свеста за војната меѓу Владимир Путин и Украина, манекенката Каприс Буре продолжува да се потпира на голотијата кога станува збор за потенцијално завршување на војната.
„Претпоставувам дека би можела да му испратам писмо на Путин во кое ќе му ветам неколку голи слики доколку се повлече од Украина.“,изјави 51- годишната манекенка на забавата по повод новиот филм „The Lair“, одржана во таверната Медокс во Мејфер.
И иако славната убавица не би имала ништо против да му зададе срцев удар на Путин со своето предизвикувачко тело, таа се прашува дали рускиот претседател е воопшто жив.
“Слушнав гласини дека е мртов. И загрижена сум кој би можел да го замени. Може да биде уште полошо”, додала манекенката.
Инаку, Каприс беше позната манекенка во 90-тите кога насловната страница на Вог ја издигна меѓу ѕвездите. Неа честопати ја нарекуваа „една од најфотографираните жени во светот“ и се појави на повеќе од 350 насловни страници на списанија ширум светот и во преку 300 ТВ емисии и филмови. Таа од 1996 година живее во Обединетото Кралство, каде изгради успешна кариера како модел, актерка, ТВ лице и претприемач, т.е. сопственик на модниот бренд By Caprice.

Нејзиното богатство се проценува на 30 милиони долари, а во брак е со продуцентот Тај Комфорт со кого има два сина Џет и Џекс. Во едно неодамнешно интервју таа дури изјавила дека знае да им плати на синовите неколку фунти за да излезат од дома на еден час за таа и нејзиниот сопруг да имаат непречен секс.