Пендаровски: Македонските Бугари го избраа погрешниот пат

t

Македонските Бугари не разбираат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од други државни авторитети, дека и според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, државјаните на Република Македонија треба своите права да ги бараат овде во македонските институции, се разбира ако мислат дека им се загрозени, вели претседателот Стево Пендаровски.

– За жал, тие тргнаа по обратен пат и мислам дека го избраа погрешниот пат, што не значи дека македонските институции нема да ги штитат нивните права. Го губат времето зборувајќи со европски институции па и со Судот во Стразбур, а пред тоа да не побарале помош од институциите во Скопшје, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со унгарската претседателка Новак, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу барањата на македонските Бугари по настаните на 4 февруари Македонија да биде казнета.

Претседателот оценки дека односите со Бугарија во последно време се влошуваат, откако имавме извесно смирување по прифаќањето на преговарачката рамка лани.

– За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите, кои, според мене, беа непотребни. За 4 февруари ние како држава 100-процентно го положивме испитот и покажавме како треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да оддадат почит на големиот револуционер, а притоа да се изолираат сите оние кои доаѓаат со лоша намера. Оние кои скаат да ја нападнат полицијата, се разбира заработија прекршочна пријава и депортација. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски од Крушево: Ќе победиме, за бојкот…

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

ССМ ги повикува работниците на протест по…

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест…

Филипче: Јас никогаш не се откажувам, да…

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…