Браво: Mакедонија во процедура на испраќање свои спасувачи во Турција! – ова се деталите
Инфомакс неофицијално дознава дека Македонија е во процедура на испраќање на тим за претрага и спасување т.н. „Search and Rescue“ составен од 40 до 50 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што дознаваме преку механизмите на НАТО до Центарот за управување со кризи кој е точка за контакт помеѓу македонската и турската држава е испратено и барање за медицински тимови од Македонија и лекови кои во моментов се најпотребни за Турција.
Центарот за управување со кризи го има препратено барањето до министерството за одбрана, министерството за здравство, до Стоковите резерви како и до сите надлежните институции со цел да и се помогне на Турција во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес кој утринава ја погоди државата.
Во моментов во просториите на ЦУК се одржува вонреден состанок на кој се договара каква помош ќе и биде испратена на пријателска Турција.
Како што претходно напоменавме на Турција во моментов и се најпотребни медицински материјали и медицински персонал.
Силен земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди во понеделникот централна Турција и северозападна Сирија, при што загинаа околу неколку стотици луѓе.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со гувернерите на осум погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението на неговиот кабинет. Бројот на загинати во Турција е над 900, додека биле повредени 5.323 лица, изјави Ердоган, наведувајќи дека не може да се предвиди бројот на жртвите.
Сириските државни медиуми соопштија дека таму загинале повеќе од 350 луѓе, а илјадници се повредени, повеќето во провинциите Хама, Алепо и Латакија, каде што биле урнати бројни згради.
„Ситуацијата е многу трагична, десетици згради се урнаа во градот Салќин“, рече член на спасувачката организација Бели шлемови во видео клип на Твитер, мислејќи на град на околу 5 километри од турската граница.
Турските власти собраа спасувачки тимови и доставуваа авиони во регионот околу градот Кахраманмарас, додека прогласија „аларм на ниво 4“ што бара меѓународна помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…