(Видео) Бројот на жртвите надмина 1650, еве како изгледаат сите турски региони погодени од земјотресите
Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 1.651, а повеќе од 11.000 луѓе се повредени, објави министерот за здравство на земјата, Фахретин Коџа на Твитер.
„Во моментов бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 1.651, 11.119 лица се повредени“, рече тој.
Освен тоа, како што јави каналот НТВ, по земјотресот избувнал силен пожар во контејнери со товар во турското пристаниште Искендерун, кој се уште не е изгаснат. Се прецизира дека порано ова пристаниште било привремено деактивирано поради уништување по природна катастрофа.
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер се случи рано изутрината во турскиот регион Кахраманмарас. Тоа ги погоди и сириските провинции Алепо, Латакија, Хама и Тартус. Таму, според последните податоци, загинале 538 лица, уште 1353 се повредени.
Подоцна експертите регистрираа триесетина последователни потреси, а среде бел ден нови силни потреси со јачина од 7,7 степени. Земјотресот е почувствуван во Либан, Ирак, Израел, Грузија, Абхазија, а во Сочи се забележани мали последователни потреси.
Во продолжение снимки од сите региони и сите земјотреси досега:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…
Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи…
Турската полиција во Истанбул откри и заплени…