Напнато во Србија: Брнабиќ на состанок со министрите за оставката на Вучиќ

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва ќе се сретне со министрите од СНС, јавуваат белградските медиуми.

Средбата ќе следи по денешниот говор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на самитот на СНС изјави дека е подготвен за избори и дека нема да се согласи на уцени од политичките партии или од Западот.

„Подобро е да се приклучиме на опозицијата, отколку партиски и приватни интереси да ја водат државата. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам на уцени – ни од Запад, ни од СПС, ни од лажни десничари“, изјави Вучиќ, пренесуваат белградските медиуми.

Навестувањето за целосна промена на актуелната политичка панорама во земјата дојде за време на сумирањето на неодамнешната седница на Националното собрание посветена на Косово и Метохија, шефот на државата и лидер на најсилната политичка опција во Србија изјави дека СНС беше сама во одбрана на државните интереси и дека го имаше народот со себе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…