Зеленски поканет да се обрати на самитот на ЕУ во Брисел
Европската унија се подготвува за можна посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Брисел во четврток за да се сретне со лидерите на блокот и да се обрати во парламентот, соопштија официјални лица на 6 февруари. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го покани украинскиот претседател да учествува на идниот самит на Европската унија, напиша портпаролот на Мишел на Твитер.
„Од безбедносни причини нема да даваме дополнителни информации“, додаде Баренд Лејтс.
Извор од Европскиот парламент изјави дека постои „можност да се одржи вонредна пленарна седница во четврток на 9 февруари со присуство на Володимир Зеленски“.
Доколку ја прифати поканата, ова ќе биде второ патување на Зеленски надвор од Украина од почетокот на војната на 24 февруари минатата година. Минатиот декември тој отпатува за Соединетите Држави за да се обрати на заедничката седница на Конгресот.
Лидерите на 27 земји-членки ќе бидат во четврток во Брисел на самит.
Зеленски се состана со лидерите на ЕУ во Киев минатата недела за да ја повика Унијата да ја забрза кандидатурата на Украина за членство во блокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…
Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…
Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…
„Северна Македонија направи одлична работа во однос…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…