(Видео) Пробајте да не заплачете – ЧУДО во Турција: 2-годишно бебе пие вода од капаче откако беше спасено по 44 часа под урнатините
2-годишното бебе Мухамед, кое остана во урнатините на зградата која се урна во Хатај поради земјотресите во Кахраманмараш, беше спасено 44 часа подоцна. Екипата спасувачи успеала да го пронајде малиот Мухамед по 44 часа под урнатините, останале максимално присебни и како што се гледа и на видеото успеале да го натераат да се напие вода од капаче за шише.
На 6 февруари во Кахраманмараш се случија два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Двата земјотреси предизвикаа големи разурнувања во Килис, Дијарбакир, Адана, Османије, Шанлиурфа, Адијаман, Газиантеп, Малатија и Хатај. Илјадници луѓе ги загубија животите во земјотресите. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување за затрупаните под урнатините.
Стотици спасувачки тимови и илјадници доброволци работат на спасување на затрупаните од под урнатините.
– Спасувањето на Мухамед донесе голема радост за целата екипа и голема надеж, велат спасувачите за турските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…