Арсовска го посети Дневниот центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари: Поддржуваме проекти за подобрување на квалитетот на животот на децата во ризик

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го посети Дневниот центар за престој на деца во ризик „Патека на надежта“.

– Денес, заедно со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, го посетивме Дневниот центар за престој на деца во ризик „Патека на надежта“ и се запознавме со стручниот тим на Здружението на граѓани за иницијатива за развој и инклузија на заедниците, како и со децата корисници на услугите на центарот.

Дневниот центар го користат дечиња на возраст од шест до 10 години, со цел да воспостават здрави хигиенско-диететски навики, да се стекнат со животни вештини преку посебни програми, како и да добијат поддршка за полесен пристап и редовно следење на образовниот процес.

Во дневниот центар стручниот тим кој секојдневно работи со децата е составен од социјален работник, педагог, психолог и помошен персонал. Градот Скопје продолжува континуирано да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на децата во ризик и социјално ранливите категории на граѓани. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човечки коски и облека пронајдени во Оризари:…

Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне,…

СТРАШНО: Волк влегол во двор во кочанско…

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…