СТРАШНО: Волк влегол во двор во кочанско Оризари – Човек го убил со камен и стап!

t

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари попладнево убил волк што му влегол во дворот од семејната куќа.

Дивото животно непријатно го изненадило бидејќи не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живее поминувале деца и други луѓе. Само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.

„Во моментот кога го забележав, помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот. Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколкупати по главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена“, раскажува Арсов.

Жителите на Оризари велат дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…