МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк.
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од која било институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.
Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на имејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…