Сириската амбасада во Белград ги моли Србите за помош

t

Сириската амбасада во Белград бара помош по разорните двојни земјотреси што ги погодија Сирија и Турција. Сириската амбасада првенствено се обрати на членовите на сириската дијаспора во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Од амбасадата најавија организирање на акцијата за собирање донации во знак на солидарност, со цел да се олеснат маките на луѓето, а со надеж дека „обезбедувањето помош ќе придонесе за надминување на последиците од оваа хуманитарна катастрофа“.

Секој што сака да придонесе во кампањата може да ја посети сириската амбасада седум дена во неделата, на Сердар Јола 12 во Белград. Како што е најавено, Амбасадата официјално ќе ги регистрира донациите по издавање официјална потврда. За сите прашања граѓаните можат да пишат на официјалната е-пошта [email protected], како и на електронската пошта на конзуларното одделение [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…