Турција “учтиво ја одби” помошта од само една држава
Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија се ближи кон 22.000 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.
Турција денеска одби помош за Кипар, кој не го признава како држава. Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „учтиво ја одбила“ својата понуда за спасувачки тим да помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што првично прифатила помош. Кипарски тим од 15 спасувачи, лекари и болничари чекаше само да појде.
Илјадници турски војници се стационирани на отцепениот север на кипарските Турци од 1974 година, кога Турција изврши инвазија. Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по државниот удар на Кипар извршен од тогашната владејачка воена хунта во Грција, во кој на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција. Турција е единствената земја која ја признава Турската Република Северен Кипар.
Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар од една и Турција од друга страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…