„ЦЕЛТА НА РУСИЈА Е ЦЕЛА УКРАИНА“ Кличко го кажа условот за мир: „И последниот руски војник мора да ја напушти нашата земја“
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека целта на Русија е цела Украина, но Киев нема да се согласи на тоа и ќе преговара со Москва дури кога последниот руски војник ќе ја напушти земјата.
– Киев беше и останува цел на агресори. Киев е срцето на Украина. Тој е главен град и главна цел. Целта на Русија е цела Украина. Ја сакаат цела Украина. Ќе дојдат до нас – изјави Кличко во интервју, пренесе ХИНА.
Кличко рече дека Украина ќе седне на преговарачка маса само под еден услов – „кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина“.
Тој додава дека на Украина и е потребно модерно оружје и им се заблагодари на западните земји за нивната претходна поддршка и противракетните системи кои, како што вели, успешно ги собориле повеќето руски ракети.
Русија во петокот започна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура ширум Украина, што предизвика прекин на електричната енергија и ограничени снабдувања со вода и го натера Киев да побара дополнително оружје од западните земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…