Објавено на:

Бројката не престанува да расте: Над 28.000 загинати во Турција и Сирија

t

Се зголемува бројот на загинати лица во земјотресот во Турција и Сирија.

Турскиот потпретседател Фуат Откај вечерва ги соопшти најновите податоци.

-Досега во Турција загинати се 24.617 лица. Се работи нанивна идентификација и погребување. Воедно стручните тимови и надлежните институции им пружаат психолошка поддршка на семејствата на жртвите, рече Откај.

Посочи дека се уште е во тек евакуација на лицата кои ги загубија своите домови. Бесплатни авиолетови на Туркиш ерлајнс ги пренесуваат до своите роднини во други градови или во поставените засолништа.

На терен се и голем број стручни лица кои ги проверуваат објектите и нивната сигурност. Во објектите кои се без оштетувања и кои се безбедни, по извршените проверки, на жителите ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.

Во градовите погодени од земјотресот уапсено се 131 лице, а надлежните органи работат на овие случаи.

Претходно Гардијан, повикувајќи се на АФП, објави дека во Сирија загинале 3.553 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…