Понеделник ден на жалост во Албанија поради земјотресите во Турција и Сирија

t

Албанската Глада го прогласи понеделник, 13 февруари, за ден на национална жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Веста на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама.

Тринаести февруари ќе биде ден на национална жалост во Албанија, како знак на болка и молитва за жртвите од големата трагедија од земјотресот на турско-сириската граница, како и во знак на солидарност со нашиот пријател Турција, која застана покрај нашата земја кога го доживеавме катастрофалниот земјотрес на 26 ноември 2019, стои во објавата. Знамињата пред државните институции ќе бидат спуштени на половина копје.

Спуштањето на државното знаме на половина копје и палењето свеќа од страна на секој човек, по желба и можност, ќе бидат значајни знаци на понеделникот обележан со човечка болка и народна солидарност што ги надминува нашите граници, напиша Рама.

Во настраданите подрачја Албанија веднаш испрати спасувачки и медицински тимови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…

Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…