Сега и на нив ќе им дадат стан? Навивачи на бугарски фудбалски клубови протестираа во знак на поддршка за Пендиков
Навивачи на фудбалски екипи од Бугарија се собраале еден час пред споменикот на Обединувањето во Пловдив за да му изразат поддршка на охриѓанецот Христијан Пендиков, како и да побараат адекватна реакција од бугарските власти, јавуваат бугарските медиуми.
Нивното незадоволство било и, како што велат, против политиката на Македонија кон бугарските граѓани.
На протестот имало навивачи од клубовите Ботев и Локомотив од Пловдив, како и над 200 лица кои дошле од Софија.
„И покрај нашите разлики, и покрај тимовите за кои навиваме, сите се обединуваме со една кауза – сакаме Македонците да не третираат со почит. Нивниот лош однос го трпиме со години, а уште еден доказ е случајот со Христијан. Тоа што бугарските државјани не беа пуштени на граница, дали е нормално? Ова мора да престане“, изјавил еден навивач на Левски Софија, пренесува бугарски „Traffic news“.
Насобраните ја пееле државната химна пред споменикот, а потоа извикувале „Слобода или смрт“ и „Да живее Бугарија“.
„Можеме да ги надминеме разликите поврзани со клупската припадност. Тепањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, е врв на провокацијата против Бугарија и безобразлукот. Сакаме да ги заштитиме сите наши сонародници во Република Македонија. Не ги прифаќаме обвинувањата на Република Македонија дека Бугарија ги провоцира. Инсистираме на адекватен и цврст став на Бугарија да ги гарантира правата и слободите на нашите сонародници“, изјавил еден од организаторите.
„Овде се собираме поради Христијан, овде се собираме поради стотиците случаи на поткопување на бугарското достоинство од страна на македонските власти и граѓани. Пред неколку дена, илјадници Бугари беа блокирани на границата со Македонија, а никој не ја посочи причината. Ние сакаме правда“, изјавил Јордан Канев од фан клубот на ЦСКА Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…