Унгарија потврди: Нема да поддржат десетти пакет санкции за Русија

t

Унгарија се спротивставува на идејата ЕУ да го воведе десеттиот пакет санкции против Русија, како и сите други санкции на ЕУ, бидејќи тие не помогнаа да се постигне мир во Украина, но и наштетија на европската економија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Санкциите целосно ја промашија поентата“, рече Сијарто, додавајќи дека десеттиот пакет санкции на ЕУ за кој се разговара во Брисел „се исти како и претходните девет и само ќе им нанесат поголема штета на Европејците“, ја пренесува ТАСС изјавата на Сијарто за радиото „Кошут“.

Сијарто истакнал дека санкциите не ја принудиле Русија да ја промени својата позиција, не донеле мир во Украина, туку донеле „незамисливи тешкотии“ во Европа, вклучително и приливот на бегалци и инфлацијата.

Зборувајќи за предлогот на некои земји од ЕУ за проширување на санкциите кон Русија на нуклеарната енергија, Сијарто повтори дека Унгарија нема да го поддржи, бидејќи ќе ја загрози нејзината енергетска стабилност.

Тој објаснил дека нуклеарната централа Пакс, која произведува половина од електричната енергија и една третина од електричната енергија што се троши во Унгарија, користи руско нуклеарно гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…