(Фото) Вуков и Омбра Рејсинг го донесоа тркачкото возило во Скопје
Македонскиот автомобилист Ристо Вуков го претстави своето ново возило за овогодишната сезона, ссо кое планира да настапува на Порше СуперКуп трките, кои се возат како увертира на спекталот наречен Формула 1.
Возилото беше во боите на неговиот нов тим од Италија, Омбра Рејсинг, а со овој тим минатата сезона Џанмарко Кварезмини стана шампион во италијанскиот куп.
– За прв пат го носиме ова возило во Македонија, Порше 992 ГТ3 Куп. Викендов тоа беше тука за македонската јавност, за фановите, за медиумите. Многу ми значи поддршката на публиката, драго ми е што многумина дојдоа, се сликаа со мене и со возилото, ми кажаа дека ги следат моите настапи на трките и дека очекуваат да ги израдувам со убав резултат. Тоа навистина ми ги отвара видиците и ја зацрвстува мојата релација со навивачите кои се душата на секој спорт,- рече Вуков.
Македонскиот пилот преку социјалните мрежи ја сподели и маршрутата по која денес ќе се одвива парадата на автомобилите организирана заедно со Порше Клубот во нашата земја, каде што се очекува да има повеќе учесници, а воедно да биде големо адреналинско шоу за публиката на скопските улици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…