Газиантеп каде игра Станковски се откажа од Суперлигата – нема да ја доигра сезонава!
Турскиот суперлигаш Газиантеп, каде игра младинскиот македонски репрезентативец Лука Станковски и официјално денеска се откажа од турската елита и нема да ја доигра сезоната после катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот и регионот во југоисточна Турција и одзема досега безмалку 30.000 животи.
После Хатајспор, кој прв се откажа, па вчера и второлигашот Јени Малатија, денеска официјално Газиантеп објави дека нема да ја доигра сезоната, што беше и очекувано, а го најави и претседателот на турскиот фудбал Мехмед Бујукекси пред неколку дена.
„Не е возможно нашиот клуб да продолжи со спортски активности во вакви тешки услови. Бордот на директори одлучи Газиантеп да се откаже од Суперлигата и од Турскиот куп за сезоната 2022/23. Ние само се надеваме дека градот и земјата ќе ги залечат раните од овој земјотрес што е можно побрзо и благодариме до секој за помошта и поддршката. Ние остануваме да веруваме дека набрзо повторно нашите навивачи ќе ги видат своите миленици“, објави Газиантеп во соопштение.
Со повлекување на Хатајспор и Газиантеп, турската Суперлига сега остана на 17 екипи, но овие два клуба од најпогодениот регион многу извесно е дека нема да го загубат статусот на суперлигаши и ќе останат да играат во новата сезона без оглед што нема да ја доиграат актуелната.
Станковски пред една година замина од Работнички во овој турски клуб.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач прегазил 10 годишно дете во Градско…
МВР информира дека вчера попладне во СВР…
Романија би можела да го воведе еврото…
Романија би можела да го усвои еврото…
Во Скопје на 20 и 21 август…
Град Скопје ги известува граѓаните дека во…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…
Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…