(Видео) ХАОС ВО КАВАДАРЦИ: Лазаров ги искара сите и ја смируваше напнатата атмосфера

t

Кон средината на ракометното дерби од домашниот шампионат помеѓу Тиквеш и Алкалоид се случи голема мешаница и тоа по ударот на Петковски во главата на домашниот голман Велков.

Тоа апсолутно не беше намерно, иако чуварот на мрежата заврши легнат на паркетот по силниот погодок директни в лице, но така не мислеа соиграчите на „жртвата“ кои почнаа да го туркаат десното крило на „фармацевтите“. Тоа иницира голема мешаница, која за среќа не прерасна во тепачка.

Најзаслужен за тоа беше тренерот на гостите од Скопје, легендарниот Кирил Лазаров, кој влета на паркетот и почна да ги опоменува сите што сакаат да истераат некоја своја правдина, без разлика од која екипа беа. Неговиот авторитет беше пресуден ситуацијата да се смири и да не ескалира, а мечот да продолжи со по двајца исклучени највоинствени од двата тима, заедно со Петковски поради шутот во главата на голманот на Тиквеш.

*инцидентот почнува на -28.00 од видеото

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач прегазил 10 годишно дете во Градско…

МВР информира дека вчера попладне во СВР…

Романија би можела да го воведе еврото…

Романија би можела да го усвои еврото…

Во Скопје на 20 и 21 август…

Град Скопје ги известува граѓаните дека во…

Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…

Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…

Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…