Денеска ден на жалост во Македонија во спомен на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија
Владата на Македонија го прогласи понеделник 13-ти февруари за ден на жалост во спомен на жртвите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
Како што е соопштено, оваа одлука е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број човечки животи изгубени во катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6 февруари
За време на денешниот ден на жалост, се прецизира, државното знаме на Македонија ќе биде истакнато на половина копје во земјата и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.
На почетокот на вчерашната 130. седница на Владата на Македонија им беше оддадена почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Владата на Димитар Ковачевски, се нагласува во соопштението, изразува длабоко сочувство за загубите на целиот турски народ и на роднините на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Младо момче избоде пет лица пред џамија…
Напаѓач во Турција (18 годишен) избодел пет…
Турција го деблокира Инстаграм
Турција во саботата објави дека повторно дозволува…
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…
Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…