Се бара МНР да реагира: СМК СО ОСТРА КРИТИКА – ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА Е НЕПРИФАТЛИВА АНТИИСТОРИСКА И АНТИУСТАВНА ОПЦИЈА!

t

13 февруари 2023 година, Приштина, Косово – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост го отфрла, како неприфатлива антиисториска и антиуставна опција, предлогот на советникот Евис Хоџа на косовскиот премиер Аљбин Курти “ако има Заедница на српските општини на Косово, ќе има и Заедница на албанските општини на Македонија“, истовремено објавувајќи карта на која е нацртана таа Заедница!

СМК предупредува дека Македонија не е Косово, Македонија е суверена и самостојна држава, а за Косово се уште важи резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации од 1999 година!

СМК потсетува дека Македонија е унитарна држава во која мора да се почитува етничката карта на населението, тоа се основи и на Охридскиот рамковен договор, инкорпориран во Уставот и законите!

СМК смета дека формирањето Заедница на српските општини во Косово е внатрешно прашање на Косово во односите со Србија и Европската Унија и Обединетите Нации, а не на државата Македонија!

СМК како несериозна ја отфрла лицитацијата за етничкиот состав на населението во Македонија според “Движењето Унитети“ на Косово, оценувајќи ја за грубо мешање во внатрешните работи на државата Македонија.

СМК бара Македонското министерство за надворешни работи да испрати протестна нота до Косовското министерство за надворешни работи за грубо мешање на Косово во внатрешните работи на Македонија, имајќи предвид дека Евис Хоџа е советник на косовскиот премиер!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина угледниот педагог Никола Петров, творецот на…

На 89-годишна возраст почина професорот и поранешен…

Денес се разнува Светиот великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува преносот на…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…