МАНИПУЛАТОРОТ МУЦУНСКИ ЈА ОДБИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ВИДЛИВО ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА
Поради поплаки од жители на Аеродром за злоупотреба на возилата на општината за приватни цели советниците на Левица поднесоа иницијатива за видливо бележење на возилата како би се демотивирала нивната злоупотреба за приватни цели.
Имено возилата се бележени со мали налепници кои не се на видливо место со што се стимулира нивната злоупотреба за приватни цели од неодговорни лица вработени во општината. Па така истите се неколку пати видени како се возат за празници, викенди и во доцните часови.
Манипулирот Муцунски на советот за време на дискусијата за оваа предлог иницијатива одглуми дека ја прифаќа иницијативата за бележење на возилата на видливо место, за кога дојде времето на гласање да им наложи на своите советници кои се како негова приватна гласачка машина без свое јас да гласаат против иницијативата.
Со овој потег манипулаторот Муцунски и неговата гласачка машина пратија порака до неодговорните лица кои ги злоупотребуваат возилата на општината за приватни цели дека стојат зад нив, ги штитат и ја стимулираат злоупотребата на истите.
Левица ќе продолжи да работи за јавниот интерес на жителите на Аеродром и Македонија и ќе ги демаскира сите обиди на манипулирање со јавноста, а особено обидите на манипулаторот Муцунски кој најдобро се снаоѓа во манипулирањето на јавноста за разлика од работата во општината, каде покажува тотална неспособност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…