Јакимовски: Бугарското прашање ќе го уништи СДСМ, Бугарите прават преголеми провокации!
Со реконструкцијата владата го стабилизира владиното мнозинство. Тоа е добро за владата но дали е добро за државата имаме различни мислења. Според мене, секоја свежа крв во владата ако внесе нови идеи е добро, а ако системот остане ист – симни се Курто да се качи Мурто – тогаш ништо не сме постигнале. Јас мислам дека е ова второто, вели Стевчо Јакимовски градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.
И оние партии кои излегоа од Владата рекоа дека ќе гласаат за уставните измени.
-Кога јас би го советувал Ковачевски, би му рекол да ја батали таа работа оти бугарското прашање ќе ја уништи СДСМ. Околу бугарското прашање се создава огромна негативна енергија. Како сега СДСМ ќе прави уставни измени, ако од бугарска страна е укинат македонскито клуб „Никола Вапцаров“? Очигледно е дека народот не го сака ваквиот однос од бугарска страна. Бугарите уште невлезени во Устав прават провокации, а замислете што ќе прават ако влезат во Уставот, вели Јакимовски.
Тој вели дека е лага оти Бугарија ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ како што изјави Бојко Борисов, поранешниот бугарски премиер.
Според Јакимовски, следно што може да се очекува Бугарија да реагира дека нашиот попис е лажиран и дека има повеќе Бугари. Тие ќе бараат од македонската држава да издава потврди за националност кои потоа оние 70 илјади со бугарски пасоши ќе мора да ги приложат да го продолжат бугарскиот пасош.
-Така ние ќе добиеме огромна бугарска заедница во Македонија со што се повлекуваат права за вработувања по клуч и други права на поголемите заедници, вели Јакимовски.
Јакимовски вели дека нема никаков проблем да се поддржуваат културни клубови кои негуваат култура, а не клубови кои го уриваат уставниот поредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…