Денот Д за измамата со она на „С“: УТРЕ СТРАЗБУР ОДЛУЧУВА ЗА АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ ПАЃААТ ВО ВОДА СИТЕ ПРЕДМЕТИ НА СЈО?!
Судот за човекови права во Стразбур утре во 10 часот ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дознава Макфакс од извори во правосудните органи.
Одлуката ќе биде јавна, објавена на сајтот на ЕСЧП. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.
Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година, а во која се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.
Доколку на 16 февруари, Стразбур каже дека оваа теза е точна – осудените ќе треба да бидат ослободени. Во спротивно, ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани, тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.
Во жалбата се опфатени случаите предметот за масовното прислушување и унишувањето на опремата „Таргет-тврдина“, предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање на превоз на ученици во Битола „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“ наречен „ТНТ“.
Но, не се опфатени сите обвинети лица, туку само дел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…