Левица: Адвокатката која ја претвори Македонија во најголема депонија, станува министерка за животна средина
„На местото на досегашниот залутан министер од ДУИ, Насер Нуредини, за нова министерка за животна средина е предложена Каја Шукова, поранешна претседателка на Комисијата за животна средина во СДС.Шукова, иако долгогодишно вработена во Министерството за животна средина, единствено јавноста ја знае по скандалозниот предлог-Закон за справување со отпад, кој предвидуваше отпадот од европските земји да заврши во Македонија. Со европско знаме, Шукова беше предлагач на овој контроверзен закон, кој предвидуваше да се тргне забраната за увоз на отпад за производство на РДФ гориво.“, реагираат од Левица.
„Левица уште тогаш алармираше дека Шукова лобира за странските инвеститори да основаат компании за преработка на увезен отпад, кој е ЗАБРАНЕТ во земјите на ЕУ, претворајќи ја Македонија во најголемата европска депонија! Дополнително, како Секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Шукова е позната како ревносен бранител на контроверзната фирма за депонирање отпад во Гевгелија, „GO WASTE SOLUTION”. Таа е единствен (и досега незапамтен случај) на службеничка вработена во МЖСПП која ТУЖЕШЕ еко-активисти, со цел да ја заштити гевгелиската фирма за депонирање отпад. Ако Каја Шукова, од позиција на секретар стоеше во одбрана на фирмите што Македонија ќе ја претворат во депонија на европскиот отпад, можеме да претпоставиме што ќе се случи кога таа ќе биде избрана за министер за животна средина.“, соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…