Постапките за предметите на СЈО продолжуваат: Судот во Стразбур ја отфрли жалбата како неприфатлива

t

На сајтот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска е објавена долгочекуваната одлука за жалбите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО.

Жалбата која се однесуваше на предметите на СЈО за кои аболиција даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов е отфрлена од страна на судот и истата е неприфатлива.

Оваа одлука е финална, а судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови.

Ова значи дека постапките за предметите на СЈО кои сега се во рацете на ОЈО – ГОК продолжуваат понатаму.

Жалбата, односно аплицикациите во Стразбур беа поднесени од неколкумина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа прогонувани од СЈО. Главниот аргумент на апликантите беше аболицијата која што ја даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016-та година на околу 70 македонски политичари. Аболицијата како уставна категорија правно беше невозможно со закон да се повлече, но под притисок на „шарената револуција“ престана да се користи во македонскиот правен промет.

Суштината на аболицијата која ја даде Иванов беше ниту еден македонски политичар да не биде уценуван односно политичките одлуки да не ги носи под бремето на кривичен прогон.

Апликантите пред ЕСЧП тие се жалат дека нивното кривично гонење по даденото помилување претставува кршење на владеењето на правото, како и дека повлекувањето на аболицијата било против правната сигурност.

Апликантите во Стразбур заедно со нивните адвокати и пред судовите често ги оспоруваа предметите на СЈО повикувајќи се на тезата дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…