Има само 16 години: Јана Атанасовска не го заврши првото возење на велеслаломот
Македонската скијачка Јана Атанасовска, немаше пријатно деби на Светското првенство во алпско скијање во Куршевел и Мерибел, бидејќи отпадна од конкуренција во првото возење во велеслаломската трка.
Атанасовска го заврши возењето во вториот сектор, кога направи грешка и отпадна, во моментите кога имаше 1.9 секунди задоцнување зад водечката.
Таа има само 16 години, а посилна дисциплина ѝ е слаломот, па ќе очекува подобар пласман в петок, на слаломското натпреварување за жени на СП во Куршевел и Мерибел.
По денешната прва трка во велеслалом, водечка е Микејла Шифрин, пред домашната адутка, Теса Ворли (+0.12) и Италијанката Федерика Брињоне (+0.31). На настанов учествуваа вкупно 114 скијачки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…
(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…
Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…
Митески: Има заболени од западнонилска треска во…
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…
(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…