Има само 16 години: Јана Атанасовска не го заврши првото возење на велеслаломот

t

Македонската скијачка Јана Атанасовска, немаше пријатно деби на Светското првенство во алпско скијање во Куршевел и Мерибел, бидејќи отпадна од конкуренција во првото возење во велеслаломската трка.

Атанасовска го заврши возењето во вториот сектор, кога направи грешка и отпадна, во моментите кога имаше 1.9 секунди задоцнување зад водечката.

Таа има само 16 години, а посилна дисциплина ѝ е слаломот, па ќе очекува подобар пласман в петок, на слаломското натпреварување за жени на СП во Куршевел и Мерибел.

По денешната прва трка во велеслалом, водечка е Микејла Шифрин, пред домашната адутка, Теса Ворли (+0.12) и Италијанката Федерика Брињоне (+0.31). На настанов учествуваа вкупно 114 скијачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран игра на време до американските избори:…

Иран намерно ги одолжува разговорите со САД…

„Разговори за иднината во 12:05“: Филипче уште…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ОКТА продолжува со попуст од два денари…

Како одговор на најновите случувања на меѓународните…

Напад врз ученик пред средно училиште во…

Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две…

Клековски: Констатирани прекршоци на Клиниката за неврологија…

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот…