16 партии и 7 коалиции ќе се борат за победа на изборите во Бугарија

t

Вкупно 16 партии и 7 коалиции се пријавени од Централната изборна комисија за учество на изборите на 2 април, објасни заменик-претседателката на ЦИК на Бугарија, Росица Матева. Ждрепката со бројките на партиите и коалициите на гласачкото ливче се очекува да се одржи на 1 март. До 17:00 часот на 25 февруари ЦИК ќе прифаќа документи за измени во составот на коалициите. Од понеделник, 20 февруари, ќе се примаат пријавите за набљудувачи. Пријавувањето на кандидатските листи започнува утре (17 февруари).

Следниот четврток ЦИК ќе организира брифинг за разјаснување на повеќе организациски детали во врска со изборите.

Росица Матева соопшти дека е одбиена регистрација на две партии и една коалиција. Според веб-страницата на ЦИК, станува збор за партиите „Бугарски глас“ и „Директна демократија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…