Вучиќ го исполни тоа што сите велеа дека е нвозможно, имаме суфицит од 2 милијарди евра, вели Брнабиќ

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ објави дека Србија остварила суфицит од речиси 2 милијарди евра во секторот на информатичко-комуникациските технологии.

Како што изјави Ана Брнабиќ, според официјалните податоци, извозот на српскиот ИКТ сектор во 2022 година изнесува 2,692 милијарди евра, што е зголемување за 45% во однос на 2021 година. Во тоа време Србија увезе ИКТ услуги во вредност од 732 милиони евра.

– Имаме суфицит во размената на ИКТ услуги од речиси 2 милијарди евра, што е за 48,8 отсто повеќе од 2021 година – најави Брнабиќ.

Ана Брнабиќ особено ја истакна улогата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој како премиер на Србија во 2016 година го формираше Министерскиот совет за ИТ со цел трговскиот биланс да се доведе до 1,5 милијарди евра до 2022 година.

– Тогаш ни велеа дека тоа е невозможно, дека тоа се празни приказни. Ја исполнивме и надминавме целта: салдо од речиси 2 милијарди евра! Нема празни приказни, само работа и борба! – изјави Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…