Американците поделени: Не сите поддржуваат снабдување на Украина со оружје
Американците во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина се повеќе се поделени околу американското снабдување со оружје на Киев. Имено, анкета спроведена од Центарот за истражување на јавна политика НОРЦ, вели дека околу половина од учесниците во истражувањето поточно 48% од испитаниците сепак се за продолжување на испораката на американска воена помош на Украина, додека 29% се противат, а 22% немале став по ова прашање. Доколку се соберат оние кои се против испораката на воената помош на Киев со оние неопределените ќе се увиди дека дека преовладува воздржаност и противење на американскта помош за Украина во тамошното општество.
Споредбено со мај 2022 година, помалку од три месеци по почетокот на инвазијата, тогашните анкети на истава тема говореа дека 60% од Американците поддржуваат испраќање оружје во таа земја.
Истата студија покажува дека мислењето на анкетираните Американци за директната финансиска помош на американската администрација за Киев беше речиси рамномерно поделено односно 37% – ЗА, 38% – ПРОТИВ, додека 23% од нив не знаеја или сакаа да се изразат по тоа прашање, пренесува порталот Геополитика.
Анкетата понатаму покажа дека само 19 отсто од Американците се „многу сигурни“ во способноста на Бајден да се справи со ситуацијата во Украина, додека 37 отсто изразиле само „извесна доверба“, а 43 отсто рекле дека немаат таква доверба.
Истражувањето покажа и дека мнозинството Американци (63%) се уште се за економски санкции против Русија, иако во мај минатата година тоа беше значително поголем процент – 71%. Од друга страна, 59% од испитаниците сметаат дека спречувањето на штетата на американската економија е поважно од ефективни санкции против Русија.
Инаку, минатата година американскиот Конгрес одобри околу 113 милијарди долари економска и воена помош за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…