Макрон: Сакам Русија да ја загуби војната но не да биде “смачкана”
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака Русија да ја загуби војната во Украина, но да не биде смачкана, пренесува Франс прес.
„Убеден сум дека на крајот конфликтот нема да заврши на воен начин“, рече Макрон во интервјуто објавено вчера. Тој додаде дека „сите опции без Владимир Путин во сегашниот систем“ (на меѓународните односи) „му изгледаат полоши“ од опциите со рускиот претседател.
По почетокот на војната, францускиот претседател продолжи да одржува контакт со рускиот колега, привлекувајќи критики, особено од Киев, затоа што не ја осуди доволно силно агресијата. Меѓутоа, неодамна Макрон го зацврсти својот став кон Русија, а Франција испорача оружје на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…