Македонски концепт: МНР и ЕУ да реагираат на изјавата на Јотова во која ги сместува Македонците во т.н “бугарска нација”
Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради несоодветните изјави на бугарската шовинистка Јотова, која во моментов извршува функција потпретседател на Бугарија. Тоа е доказ дека бугарскиот шовинизам насочен против Македонија и Македонците е државна политика на Бугарија, а не инцидентна пројава на одделни бугарски политичари.
Последната изјава на госпоѓата Јотова, дадена во центарот на Скопје, во која македонските граѓани ги прогласува за дел од т.н. „бугарска нација“ е нарачана провокација за продолжување на тензиите помеѓу двете земји и за минирање на напорите на ЕУ за проширување во западен Балкан. Исто така, тоа е мешање во внатрешните работи на земја – кандидат за членство во ЕУ, што е тотално неприфатливо однесување, особено за земја членка на Унијата.
Бараме ЕУ да реагира на ваквите провокации, да побара од Бугарија напуштање на политиките од 19-ти век, да се огради од ваквите бугарски ставови дадени под европско знаме, ако сака каква било почит кај Македонците.
Исто така бараме од сите разумни Македонци со бугарско убедување, да се оградат и јасно и недвосмислено да се изјаснат како дел од современата македонска нација и да дадат поддршка на новиот граѓански Устав, како дел од планот за Македонија од 22-ри век.
Македонската влада, особено МНР и Османи да побараат извинување од Јотова, објаснување од бугарското МНР и понатамошно воздржување на бугарските официјални претставници од било какви провокации од ваков тип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…