ЕТЦ Травел го демантира ВМРО: Деловниот објект е под хипотека за кредит од ХалкБанк со 20 годишна исплата
На денешните наводи на ВМРО ДПМНЕ, експресна беше реакцијата на ЕТЦ Травел која што ви ја пренесуваме во целост:
Почитувани,
ЕТЦ Травел, е компанија која што работи согласно законите и правилата во Република Северна Македонија повеќе години па се до денес и придонесува во буџетот на земјата, плаќа плати на неколку вработени и транспарентно постојано ја гради
својата репутација а за квалитетот на нашите услуги најдобар показател се нашите клиенти.
ЕТЦ во моментов изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност,
пристапивме кон обезбедување на наш сопствен деловен простор кој што би ги исполнил нашите потреби и би ги намалил трошоците.
Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот просторкој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 год., е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот.
Ги молиме политичките партии, но и медиумите, за коректност кон македонските компании и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување.
Сите компании се соочуваат со потешкотии во економската криза и се обидуваат да преживеат,притоа придонесувајќи во буџетот на државата и вработувајќи граѓани на нашата земја, и затоа замолуваме да се избегнат безпотребни политички препукувања на наш грб и на наша штета.
Со почит,
ЕТЦ Травел,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…