Џафери очекува денеска да заврши расправата за разрешување на министрите од Алтернатива
Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува денеска да заврши собраниската расправа за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, по што ќе следи гласањето за престанок на мандат на сите тројца предложени министри на седницата за реконструкција на Владата. По разрешувањето на тројцата министри од Алтернатива, ќе расправата за избор на новите министри.
„Секако Собранието има Деловник кој секако овозможува одредена постапка и процедура“, вели Џафери.
Претседателот на Собранието најави дека за да се забрза процесот на реконструкција на Владата, пратениците ќе работат и викендов.
Во Собранието е завршена расправата за разрешување на министрите за здравство и за здравство и за информатичко општество и администрација Беким Сали и Адмирим Алити. За да почне постапката за избирање на новите министри, треба прво да заврши гласањето за разрешување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…