Реџеп Исмаил: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ здружено ги штитат приватните бизнис-интереси во Советот на Град Скопје
Советникот од советничката група на Левица во Гард Скопје, Реџеп Исмаил ја коментира незаконската одлука која заедно ја донесоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со давање на користење на спортски сали и училишните дворови.
– По иницијатива на ДПМНЕ, со асистенција на СДС, само што изгласаа промена на одлука на Советот на Град Скопје, само за да им овозможат на приватните-бизнис интереси (кафичи, ресторани, фудбалски терени (балони), разни НГО-а и разно разни профитери) да можат, во четири очи, да си закупуваат простории од Училиштата и Јавните установи без притоа Градот да има удел и контрола во тоа – практично, им сметаше претходната одлука која овозможуваше терен за политика која ќе стави крај на ваквото безредие на издавање на јавни површини по багатела цени и притоа ќе го загрози интересот на учениците и културните работници, за кого пред се се’ наменети и треба да им служат овие капацитети.
Веднаш подолу, на дневен ред е иницијатива на СДС со која сака да му се угоди на архитектонско-урбанистичката гротеска, Ист Гејт шопинг молот, да си узурпира простор и да си наплаќа паркинг. И сега очекувам контра услуга (асистенција) од ДПМНЕ за перфидно да помине и оваа одлука која бизнис интересит го става пред и на штета на јавниот. – напиша Исмаил на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…