Шокантна изјава на Орбан: Русија не може да победи, цел Запад е со Киев

t

Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори.

„Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Твитер.

Утре (24 февруари) се одбележува годишнината од руската инвазија на Украина, односно „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува оваа воена интервенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Муцунски: Унгарија останува силен поддржувач на европската…

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…