(Видео) Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ го опструира спроведувањето на програмата „За Модерно Скопје“ – бараат улици, а не гласаат за нивна реконструкција

t

Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски кој воедно е и советник од редовите на ГРОМ во Советот на Град Скопје го критикуваше делувањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во советот во вчерашното свое излагање на маратонската седница која траеше речиси цел ден.

Сепак тој потенцира дека седниците на Советот се емитуваат во живо и сите граѓани имаат можност да видат како делуваат советниците и дали гласаат и работат во нивен интерес.

-Исто како и сите останати програми така и оваа за одржување на речните корина на реките и притоките кои се наоѓаат на територијата на Град Скопје, веќе трети пат е понудена пред Советот на Град Скопје. Стварно е неодговорно доколку овие тековни работи и основни функции кои овие јавни претпријатија кои треба да ги работат и да ги одржуваат во интерес на граѓаните не добијат поддршка од наша страна. Сметам дека нема потреба што повеќе да објаснуваме за инвестиционите програмии конкретно за програмата на “Улици и патишта”. Сепак јас останав должен на јавноста и граѓаните од моето претходно излагање да ја довршам реченицата, затоа што јас сметам дека ние овде прво се изборивме со претходната власт овие седници да идат јавно и во живо. Тоа не го направивме за да ме гледаат моите родители дома, туку го направивме да не гледаат граѓаните коишто ни ја дале поддршката, за да овде се знаекој за што гласа, што поддржуваме, а што не, вели Трајановски.

Трајановски истакна дека по трет пат инвестиционите програмаи на „Улици и патишта“ се на дневен ред во Советот на Град Скопје и не добиваат поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ иако кога се говореше за ребаланс на буџетот тие беа вични во барањата за спроведување на програмата „За Модерно Скопје“.

Дополнително советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараа изградба на нови улици, а на вчерашната седница не гласаа за програмата на „Улици и патишта“.

-И повторно се доведуваме во ситуација кадешто трети пат инвестиционите програми се понудени и истите не добиваат поддршка. Смешно е да излегуваме на ребаланс на буџет да барате реконструкција на улици дополнителни и исто така после пола месец на новата буџетска расправа да барате уште седум дополнителни улици и на истата таа седница да не ја гласате програмата на Улици и патишта. Во меѓувреме излегувате по медиумите гостуваме во јавноста, не гледата луѓе кадешто изразуваме загриженост дека не се спроведѕва динамиката на реконструкциите на улици, се жалите дека е раскопано Скопје, епа нормално дека е раскопано, се гради и треба да се гради. И сега сакате да не се гради, а декларативно ја застапувате програмата “За модерно Скопје”, додава тој.

Трајановски потенцира дека ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно кон граѓаните и е класичен пример за опструкција.

-Ова е некоректно. Лицемерно е спрема граѓаните, на страна политичките опеделби, ова е класичен пример на опструкцијата која се гледа. Се надевам дека точката 30 ќе добие поддршка бидејќи е понудена по трети пат, вели Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…