Османи: Украинскиот народ не е сам во битката за мир и правда
Претседавачот со ОБСЕ и министер Бујар Османи, упати порака до украинскиот народ во знак на нивна поддршка за храброста и нивната решителност во отпорот против воената инвазија од страна на Русија која трае 12 месеци.
„До украинскиот народ, Свесни сме за страдањата низ кои поминувате изминатите 12 месеци. Ние се солидаризираме со вас. Северна Македонија како Претседавач со ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина во овие тешки времиња. Оваа подрршка ќе биде уште посилна кога конечно ќе се врати мирот. Ова е наша обврска и цел. Вие не сте сами” – се вели во пораката од Османи.
Претседавачот на ОБСЕ во јануари ја посети Украина и посети неколку места кои беа силно погодени од воените дејствија. Тој оствари средби со цивилното население и низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.
Османи порача дека еден од главните приоритети на Претседавањето ќе биде состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го освои Берлин, кој првпат може…
Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…