ТОПЛАТА ВОДА ЛЕК ЗА ПРОБЛЕМИТЕ: Македонците се најбројните странски гости во бугарските СПА центри
Според податоците на Единствениот туристички информативен систем на Бугарија (ЕСТИ), меѓу 70.000 странски туристи кои лани престојувале во бугарските спа и бањски одморалишта, покрај гостите од Македонија, најмногу биле од Израел, Романија, Грција, Велика Британија и Србија.
Македонците биле најбројни меѓу странските туристи кои минатата година ги посетите бугарските бањи и спа центри.
Според податоците на Единствениот туристички информативен систем на Бугарија (ЕСТИ), меѓу 70.000 странски туристи кои лани престојувале во бугарските спа и бањски одморалишта, покрај гостите од Македонија, најмногу биле од Израел, Романија, Грција, Велика Британија и Србија.
Сепак, во вкупниот број посетители во бањските туристички центри доминирале домашните гости со 90 проценти.
Интерес за бањски туризам имало од сите возрасни групи. Помладите туристи најчесто го поврзуваат со рекреација и релаксација, а постарите за да си го подобрат здравјето. Според збирните податоци од 15-те општини, најголем процент на туристи биле на возраст меѓу 45 и 59 години.
Бањските гости, според податоците на ЕСТИ, сочинувале 13 проценти од вкупниот број на туристи евидентирани лани во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…
Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…
ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…
Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…
30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…