(Видео) Крмов: Владата создава државна криза, Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ
Владата создава државна криза, за СДСМ се трошките додека ДУИ владее, посочи од собраниската говорница пратеникот на Левица Борислав Крмов.
– Очигледно е заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, и т.н „европска коалиција“ брои смешна бројка од 65 пратеници откако неколку пати се делигитимираше претставничкиот мандат преку разни прекројувања. Сите овие нелегитимни пируети се со цел да се купи ограничено време за владеење и удоволување на ненаситните апетити на ДУИ, СДСМ и нивните коалициони партнери.
Република Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ и тоа го забележуваат бројни експерти. Директорката на Институтот за европски прашања предупреди за опасностите од влегувањето на Бугарите во Уставот на РМ, и дека преку конвенции за правата на конститутивни народи ќе се отворат дополнителни можности за Софија да вложува вето на нашата интеграција.
Сите негативни квалификации кон Левица кои доаѓаат од СДСМ се класична проекција на маните и грешките кои оваа Влада ги прави, затоа за СДСМ која е во заложништво на ДУИ и мора да им ги извршува валканите работи бројот на пратеници е ирелевантен – СДСМ, партијата во изумирање, во секој поглед ќе не доведе во државна криза за да опстојат бизнис и криминалните интереси на раководството. – вели Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Фон дер Лајен му парира на Трамп…
Европската унија ќе инвестира дополнителни 200 милиони…
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…
Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…