Објавено на:

(Видео) Рускиот амбасадор го прекина едноминутниот молк за Украина во Советот за безбедност на ОН

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика за време на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на минута молк во чест на „жртвите на агресијата во Украина“, но кога стана, рускиот амбасадор Василиј Небензја почна да тропа по микрофонот.

Сите членови на Советот прво станаа за да оддадат почит со минута молк, но потоа повторно седнаа бидејќи Небензја побара збор.

„Стануваме да им оддадеме почит на сите жртви на она што се случи во Украина, почнувајќи од 2014. Стануваме за сите настрадани. Сите животи се непроценливи“, кажа тој алудирајќи на загинатите во бунтовничките проруски покраини во Украина и пред почетокот на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…