САД санкционираше бугарска фирма: Продавала оружје на Русија
Руски политичари, банки и компании поврзани со клучните индустрии, но и министри, бизнисмени и војска се на листата на американски санкции против Русија. Во списокот со санкции е вклучена и бугарската компанија „Таерио Интернационал“ (Таерио Интернешнл).
Името на бугарската компанија се споменува и на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, каде што детално се претставени санкциите. Регистриран е во Софија и е основан пред 2018 година. Сопственост е на Германецот Маркус Герхард Милер.
Санкциите ги воведува Вашингтон во координација со сојузниците од Г-7, пренесе Франс прес, цитиран од БТА.
Санкционирани се и околу триесетина поединци и компании од европските земји како Швајцарија, Италија, Германија, Малта и Бугарија, бидејќи се обвинети дека помогнале да се заобиколат веќе воведените санкции кон Русија со тоа што и доставувале воена опрема. Нивните средства во САД се замрзнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…