Маричиќ повторно убедува: Сами ќе се блокираме ако нема уставни измени

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, порачува дека сами ќе се блокираме ако не се изгласаат уставните измени.

Тој посочува дека сега не е одлука на Бугарија дали ќе ги отвориме поглавјата од преговорите со ЕУ, туку е на нас.

Јавноста беше изморена од антиквизацијата и од спорот со Грција кој траеше 10 години. Ние решивме да не чекаме 10 години за да решиме некој проблем. Верувајте, многу покомотно ќе беше за Владата наместо да прифаќа тешки услови, да каже ништо не прифаќаме, ќе го ставиме Гоце Делчев на местото на Александар на плоштад и 10 години ќе владееме на таа тема, вели Маричиќ во интервју на „Макфакс“.

Тој вели дека ветото наместо во рацете на Париз, Атина или Софија сега е кај нас и зависиме од себе.

Условите се тешки и не е праведно, немојте да мислите дека нам, кои сме седеле на таа маса и сме се договарале ни било лесно и едноставно, напротив. Многу беше тешко, затоа што сфаќавме дека условите се навистина претешки. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите. Време е да ги препознаваме тие шанси и да ги искористиме. Ние во минатото имаме многу пропуштени шанси, порача Маричиќ.

Според него, тешки се условите за почеток на преговорите и не е праведно, но, како што вели, и Албанија исто така имала тешки услови.

Тие мораа да го распуштат целиот судски систем и од ново да ги поставуваат сите судии во рок од три или четири години, рече вицепремиерот појаснувајќи дека државата имала директна насока од ЕУ да не се прави реизбор во судството без одобрение од ЕУ, бидејќи за тоа немало да добиеме поддршка, вели Маричиќ.

Осврнувајќи се на периодот додека беше министер за правда, Маричиќ вели дека 34 судови почнале дигитализација и оти е спроведен успешен попис пое 20 години. Почнала да се применува и новата методологија за оценување и разрешување на судии, а бил зголемен и буџетот на судството и пораснале платите на судиите и обвинителите.

Горд сум и на пописот кој беше спроведен по 20 години, а се донесоа и законски измени. Од една страна на Изборниот законик, по барање на ВМРО-ДПМНЕ се внесе фингерпринтот и се направија законски измени на Кривичниот законик со кој се зајканува заштитата на новинарите како службени лица, вели Маричиќ.

Тој нагласува и дека никогаш не ја злоупотребувал службената картичка и не трошел повеќе од просекот на другите министри

Сите сметки со мој потпис се врзани со некоја службена активност. Драго ми е што откако излезе приказната излегоа и сметките на другите колеги и може да се направи споредба дека моите сметки не отскокнуваат од просекто на министрите, вели Маричиќ, појаснувајќи дека Владата има правилник кој ги третира службените трошоци и оти тој има извештај за секоја сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…